Одделот за Кардиологија е опремен со современи дијагностички и технички апарати со цел - дијагноза, управување и контрола на акутни и хронични срцеви состојби. Нашиот тим експерти е посветен кон овозможување на оптимално кардиоваскуларно здравје на нашите пациенти.
Услуги
Преглед, дијагноза и третман на акутни и хронични срцеви заболувања
24-72 часовен Холтер мониторинг и третман на аритмии и нарушувања на срцевиот ритам
Холтер притисок, третман и контрола на хипертензија
Ехокардиографија - напредната 2D и 3D колор доплер ехокардиографија
Доплер на каротидни артерии
Третман на состојби
Акутни и хронични состојби на миокардот (пример: Миокарден Инфаркт / Срцев удар, Ангина Пекторис)
Аритмии (неправилни отчукувања на срцето, вклучувајќи атријална фибрилација, тахикардија, брадикардија)
Коронарна артериска Болест/ Атеросклероза
Конгестивна срцева слабост
Валвуларна срцева болест (Болести кои ги опфаќаат срцевите залистоци)
Кардиомиопатии (Болести на срцевиот мускул)
Хипертензија (висок крвен притисок, особено со поголема сложеност или во случаи со потешко управување)
Хиперлипидемија (висок холестерол) во контекст на кардиоваскуларен ризик или постоечки срцеви заболувања.
Перикардни заболувања
Технологија и опрема
Одделот за Кардиологија е опремен со современ ЕКГ апарат, ехокардиографија со висока резолуција и холтер монитори. Дополнително, го користиме и апаратот за ултразвучна дијагностика “Siemens Acuson Juniper“.
Контакт
За да закажете термин за преглед или консултација во нашиот оддел за Кардиологија, ве молиме јавете се на 076 440 993 или употребете ја нашата форма за контакт.