Дигиталниот Рендген апарат во “Вита С“ овозможува високо-квалитетно снимање со намалена доза на зрачење за поголема безбедност на пациентот.
Услуги
Дигитално рендген снимање за различни дијагностички цели: графија на коски, на бели дробови, на абдомен, на уринарен тракт, панорама на ‘рбет со можност за мерење на степен на искривеност; Дигитално рендген снимање со специјално изготвен протокол за деца (со уште помало зрачење).
Технологија
Дигиталниот рендген “Siemens Multix Impact“ апарат содржи најнова генерација на детектор кој работи на принцип на автоматска контрола на изложеност со сведување на дозата на зрачење на минимум. Благодарение на детекторот, можноста за грешка при креирање на сликата и потребата од повторно снимање на пациентот од оваа причина е сведено на минимум. Покрај ова, апаратот содржи специјално изготвени протоколи за деца за уште помала доза на зрачење кај децата.
Контакт
За да закажете термин за дигитално рендген снимање, ве молиме јавете се на 076 440 993 или употребете ја нашата форма за контакт.