Ултразвучниот преглед е брз и едноставен метод на дијагностика кој наоѓа широка примена во секојдневната пракса за откривање и следење на патолошки состојби, но и за систематски прегледи и редовни контроли кај општата популација.
Услуги
Ултразвучна дијагностика на различни делови на телото и системи на органи, како преглед на абдомен, тироидна жлезда, дојка, срце, мекоткивни структури, зглобови и слично.
Технологија
“Siemens Acuson Juniper“ ехо апарат за ултразвучна дијагностика со посебни, соодветни сонди за преглед на различни регии, со линеарен, конвексен или ендоректален пристап.
Контакт
За да закажете термин за ултразвучна дијагностика, ве молиме јавете се на 076 440 993 или употребете ја нашата форма за контакт.