“Вита С“ поседува модерно опремени простории, дизајнирани согласно потребите за удобност на пациентите и зголемување на ефикасноста при реализацијата на здравствените услуги. Инвестиравме во најнова медицинска апаратура за да обезбедиме прецизни дијагнози и ефективни третмани. Нашата клучна технологија и опрема опфаќа:
Радиологија – опремена со врвна дијагностичка “Siemens“ опрема, вклучувајќи:
Магнетна резонанца – “Siemens Magnetom Flow Plus“ најнов модел кој овозможува побрза обработка на сликата со висока резолуција и попрецизен приказ на патолошките промени, без штетни влијанија на организмот
Компјутерска томографија со “Siemens Somatom Go. Top“, Брза, 128 слојна томографија со намален степен на зрачење
Дигитален рендген апарат “Siemens Multix Impact“ со најнова генерација на детектор со автоматска контрола на изложеност на зрачење, што овозможува минимално зрачење
Апарат за мамографија “Siemens Fusion“ кој овозможува намалена болка при притисок и зголемена удобност на пациентот во споредба со старите апарати за оваа намена
Ултразвучна дијагностика – “Simens acuson juniper” ехо апарати со засебни сонди за соодветно иследување на целниот орган