“Вита С“ работи од 8 до 20 часот понеделник до петок и од 8 до 15 часот во сабота. Во недела поликлиниката не работи.
Закажувањето на термини во “Вита С“ е едноставно. Може да нѐ контактирате телефонски, на +389 76 440 993, или пак да ја пополните нашата форма за контакт.
Адресата на поликлиниката „Вита С“ е “50 Дивизија, 24А“.
Поликлиниката “Вита С“ е приватна здравствена установа и моментално нема активен договор со ФЗОМ.
Поликлиниката “Вита С“ соработува со различни осигурителни компании. За повеќе информации дали вашето приватно здравствено осигурување ги опфаќа услугите во “Вита С“, ве молиме обратете се на вашиот осигурителен агент.
За закажан преглед, со вас потребно е да носите здравствена книшка, како и по потреба - соодветна медицинска историја и/или релевантна здравствена документација која ја поседувате. За повеќе детали, ве молиме јавете се на +389 76 440 993.
Сите цени за услугите во “Вита С“ се исклучиво во македонски денар. Физички лица може да извршат плаќање во готовина или безготовински (Visa, Mastercard), за што уредно ќе им биде издадена фискална сметка. За правни лица, нудиме можност за плаќање по издадена фактура.