Работно време: понеделник - петок 08 - 20 
сабота 08 - 15

Интерна медицина

Одделот за Интерна Медицина при “Вита С“ е вашата примарна точка на контакт за дијагностицирање на широк спектар здравствени потешкотии и проблеми. Нашите искусни интернисти се посветени на обезбедување сеопфатна грижа за секојдневните здравствени проблеми, управување со хронични болести и решавање на евентуални здравствени сомнежи кои пациентот може да ги има. Се фокусираме на дијагноза, третман и превенција на болести кои влијаат на внатрешните органи, нудејќи холистички пристап кон вашата благосостојба. Во рамките на нашиот оддел за интерна медицина, функционираат специјализирани одделенија од одредени медицински области.

Специјализирани одделенија

  • Гастроентерохепатологија: Сеопфатна дијагноза и третман на болести на дигестивниот систем и состојби поврзани со гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб и панкреасот. 
  • Ендоскопија: Напредни ендоскопски процедури како гастроскопија и колоноскопија, за детални внатрешни прегледи и интервенции на дигестивниот тракт. 
  • Пулмологија: Специјалистичка дијагноза и третман на респираторни заболувања како астма, ХОББ, алергиски респираторни реакции и заболувања.
  • Кардиологија: Опремена со најнова технологија за дијагностицирање, управување и контрола на акутни и хронични срцеви заболувања и состојби, како и третирање на аритмии.

Услуги

  • Здравствени проценки и консултации.
  • Дијагноза и третман на акутни заболувања.
  • Управување со хронични болести (пример: дијабетес, хипертензија, висок холестерол).
  • Превентивна грижа и здравствени прегледи.
  • Упатување до специјализирани одделенија во рамки на “Вита С“ кога е потребно.
  • ЕКГ (Електрокардиограм).
  • Ехокардиографија со висока резолуција.
  • Холтер мониторинг.

Третман на состојби

  • Вообичаени акутни заболувања: Инфекции (пример: пневмонија, инфекции на уринарен тракт), Вирусни заболувања (пример: грип, настинка), Акутна болка.
  • Хронични состојби и болести, вклучувајќи, но не ограничено на: дијабетес, хипертензија (висок притисок), хиперлипидемија (висок холестерол), нарушувања на тироидната жлезда и други метаболички состојби.
  • Општи здравствени состојби и грижи: Нетипичен замор, промени во тежина, рутински прегледи и општи здравствени проценки.
  • Пред-оперативни проценки: Евалуација на целокупното здравје на пациентот пред операција.
  • Превенција на болести и скрининг, со вклучени насоки за адаптација и модификација на животен стил и прегледи соодветни на возраста.

Технологија и опрема

Одделот за Интерна Медицина е опремен со соодветни дијагностички алатки, како ЕКГ апарати, ехокардиографија со висока резолуција, Холтер монитори и пристап до напредна ендоскопска опрема (“Olympus CV 170“) и ултразвучна дијагностика (“Siemens Acuson Juniper“) кои се дел од нашите специјализирани единици.

Контакт

За прашања или за закажување на термин за преглед во рамки на одделот за Интерна Медицина во “Вита С“, ве молиме јавете се на 076 440 993, или пратете ни порака преку нашата онлајн контакт форма.

Доктори

Нашиот тим на експерти е составен од:
Д-р Марија Ѓошевска Димитровски
Специјалист интернист
Доц. д-р Ирина Ангеловска
Пулмолог
Проф. д-р Владимир Андреевски
Гастрентерохепатолог
Научен соработник д-р Анче Волкановска
Гастрентерохепатолог
Д-р Ана Караџова Џамбазова
Гастрентерохепатолог
Д-р Елена Груева
Кардиолог
Д-р Ана Челикиќ
Кардиолог
Д-р Ирина Котлар
Кардиолог
Доц. д-р Маја Бојаџиоска
Ревматолог
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram