Одделот за Ендоскопија во “Вита С“ нуди напредни дијагностички процедури за внатрешна инспекција на дигестивниот тракт. Нашите вешти специјалисти вршат гастроскопија и колоноскопија за да ги визуелизираат хранопроводникот, желудникот, тенкото и дебелото црево, овозможувајќи точна дијагноза и соодветни насоки за понатамошни интервенции.
Различни состојби на хранопроводникот, желудникот, тенкото и дебелото црево, како:
- Дијагностицирање на причината за симптоми како отежнато голтање, гадење, повраќање, киселини во желудник, горушица, болки во стомакот или крварење;
- Идентификување и проценка на гастритис и пептични улкуси;
- Дијагностицирање на состојби кои предизвикуваат хронична дијареа или запек; Откривање и отстранување на полипи;
- Идентификување и земање биопсии на сомнителни лезии или тумори;
- Лоцирање и лекување на извори на гастроинтестинално крварење;
- Дијагностицирање на воспалителни болести на цревата (Кронова болест и улцеративен колитис);
- Проценка на штета од Целијачна болест;
- Стеснувања во хранопроводникот или цревата;
- Испитување на промените во работата на дебелото црево.
Го користиме напредниот “Olympus CV 170“ ендоскоп за висококвалитетно снимање и прецизни процедури. Со овој ендоскоп, освен дијагностичка инспекција, нудиме можност за терапевтски интервенции, како и земање примероци за патохистолошко доиследување и анализа. Дополнително, по избор на пациентот, прегледите ги вршиме со или без анестезија.