Работно време: понеделник - петок 08 - 20 
сабота 08 - 15

Гастроентерохепатологија

Одделот за Гастроентерохепатологија во “Вита С“ е посветен на дијагноза и третман на состојби и болести кои влијаат на дигестивниот систем, вклучувајќи го гастроинтестиналниот тракт, црниот дроб и панкреасот. Во “Вита С“ можете да пронајдете здравствена грижа за широк опсег на здравствени состојби.

Услуги

  • Дијагноза и третман на болести на хранопроводот, желудникот, тенкото и дебелото црево, црниот дроб, жолчното кесе и панкреасот.
  • Следење и водење состојби поврзани со гастроинтестиналниот тракт.
  • Ендоскопски прегледи (гастроскопија и колоноскопија).
  • Ендоскопски интервенции
  • Земање на примероци за патохистолошки испитувања и анализи.

Третман на состојби

Разни болести на дигестивниот систем, црниот дроб и панкреасот, како:

  • Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ);
  • Гастритис и пептични улкуси;
  • Синдром на нервозно дебело црево (IBS);
  • Воспалителни болести на дебелото црево (Кронова болест, улцеративен колитис),
  • Целијакија;
  • Дивертикуларна болест;
  • Камења во жолчно кесе и нарушувања на билијарниот тракт;
  • Хепатитис (вирусен, алкохолен, замастување на црн дроб);
  • Цироза на црниот дроб;
  • Панкреатитис (акутен и хроничен);
  • Болести на хранопроводникот, желудникот, тенкото и дебелото црево;
  • Функционални дигестивни нарушувања.

Технологија и опрема

Користиме напредни дијагностички алатки и апарати, вклучувајќи го “Olympus CV 170“ ендоскопот за гастроскопија и колоноскопија.

Контакт

За да закажете термин за преглед во нашето одделение за Гастроентерохепатологија, ве молиме јавете се на 076 440 993 или употребете ја нашата форма за контакт.

Доктори

Нашиот тим на експерти е составен од:
Проф. д-р Владимир Андреевски
Гастрентерохепатолог
Научен соработник д-р Анче Волкановска
Гастрентерохепатолог
Д-р Ана Караџова Џамбазова
Гастрентерохепатолог
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram