Магнетната Резонанца во “Вита С“ има одлична резолуција, пократко време при снимањето без влијание на квалитетот и прецизна дијагноза благодарение на подобриот приказ на патолошките промени.
Услуги
Магнетната резонанца е адекватна за детални снимки по специфични регии, како мозок, вратен ‘рбет, торакален ‘рбет, лумбален ‘рбет, зглобови, абдомен, карлица, простата, матка и јајници. Снимањата се прават без, а по потреба и со контрастно средство.
Технологија
“Siemens Magnetom Flow Plus“ Магнетната Резонанца со јачина на магнетното поле од 1,5 Tesla не користи рендген зрачење и нема никакви штетни влијанија на организмот. Овој апарат, произведен во 2024 година, е новитет и прв од овој тип кој користи само 0,7 литри хелиум. Благодарение на напредната технологија и начин на снимање, обработката на сликите е побрза, со многу подобра резолуција, попрецизен и подобар приказ на патолошките промени, а самиот процес на снимање е пријатен за пациентот. Апаратот се карактеризира со краток тунел, што овозможува при повеќето снимања главата на пациентот да е надвор од тунелот. Во случаи кога се снима главата, во апаратот е вградено огледалце на кое пациентот може да гледа надвор, создавајќи поголемо чувство на удобност. За целокупно пријатно искуство, апаратот има можност за слушање музика по избор на пациентот.
Контакт
За да закажете термин за магнетна резонанца, ве молиме јавете се на 076 440 993 или употребете ја нашата форма за контакт.