Поликлиниката е опремена со најнова медицинска апаратура, посебно одделението Радиологија, во кое се инсталирани најнови модели апарати за магнетна резонанца и компјутерска томографија – единствени во регионот.
“Вита С“ е лоцирана во централното подрачје во Скопје. Во поликлиниката функционираат одделенија за: радиологија, интерна медицина, лабораторија, ортопедија, хирургија, дневна болница и центар за преврски и рани, предводени од врвен медицински персонал и искусни доктори - консултанти.