Работно време: понеделник - петок 08 - 20 
сабота 08 - 15

Често поставувани прашања

Кое е работното време на поликлиниката?

“Вита С“ работи од 8 до 20 часот понеделник до петок и од 8 до 15 часот во сабота. Во недела поликлиниката не работи.

 

Како можам да закажам термин за преглед / консултација во поликлиниката „Вита С“?

Закажувањето на термини во “Вита С“ е едноставно. Може да нѐ контактирате телефонски, на +389 76 440 993, или пак да ја пополните нашата форма за контакт.

 

Каде се наоѓа поликлиниката „Вита С“?

Адресата на поликлиниката „Вита С“ е “50 Дивизија, 24А“.

 

Дали поликлиниката „Вита С“ има склучено договор со Фондот за Здравствено Осигурување (ФЗОМ)?

Поликлиниката “Вита С“ е приватна здравствена установа и моментално нема активен договор со ФЗОМ.

 

Дали моето приватно здравствено осигурување ги опфаќа услугите во поликлиниката „Вита С“?

Поликлиниката “Вита С“ соработува со различни осигурителни компании. За повеќе информации дали вашето приватно здравствено осигурување ги опфаќа услугите во “Вита С“, ве молиме обратете се на вашиот осигурителен агент.

 

Закажав преглед во поликлиниката „Вита С“. Што треба да понесам со себе?

За закажан преглед, со вас потребно е да носите здравствена книшка, како и по потреба - соодветна медицинска историја и/или релевантна здравствена документација која ја поседувате. За повеќе детали, ве молиме јавете се на +389 76 440 993.

 

Како може да платам за услугите во “Вита С“?

Сите цени за услугите во “Вита С“ се исклучиво во македонски денар. Физички лица може да извршат плаќање во готовина или безготовински (Visa, Mastercard), за што уредно ќе им биде издадена фискална сметка. За правни лица, нудиме можност за плаќање по издадена фактура.

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram