Поликлиника и дијагностички центар: “Вита С“ е установа со модерен дијагностички центар креиран со визија за обезбедување на сеопфатна здравствена грижа фокусирана на пациентот. Нудиме широк спектар на медицински специјалности, напредна технологија и посветен тим на врвни доктори, посветени кон здравјето на пациентите.
Нашиот тим:Наша најголема вредност е тимот составен од искусни доктори и консултанти од различни медицински специјалности. Со личното и тимско богато знаење и експертиза, нашите медицински професионалци се посветени на обезбедување најдобра грижа во “Вита С“.
Опрема и Технологија: Горди сме на нашите модерно опремени одделенија со најнова медицинска технологија и опрема. Нашето одделение за Радиологија е опремено со врвна “Siemens“ апаратура која опфаќа Магнетна Резонанца со висока резолуција, брза Компјутерска Томографија со намалено зрачење, дигитално рендген снимање, мамографија и ехо апарати. Одделенијата во рамки на интерната медицина во “Вита С“ се опремени со ехокардиограф со висока резолуција, холтер монитори и напредни “Olympus“ ендоскопи.
Партнерства: “Вита С“ е партнер за лабораториски услуги со “Биотек“, овозможувајќи висококвалитетни и релијабилни тестирања. Дополнително, со цел да овозможиме поголема пристапност на нашите услуги во рамки на понудите за приватно здравствено осигурување, соработуваме со повеќето осигурителни компании.
Квалитет и безбедност: Вашето здравје и безбедност се наши главни приоритети. Во “Вита С“ се придржуваме до највисоките стандарди на медицинската пракса, користејќи напредна технологија управувана од тим на искусни професионалци. На таков начин обезбедуваме точна дијагноза, медицински совети, ефективни третмани и безбедна средина за сите наши пациенти.