За нас > Поликлиника и дијагностички центар
Веруваме дека вистинската здравствена грижа е многу повеќе од третман на симптоми. Во “Вита С“ сме посветени на понуда и давање здравствени услуги, базирани на доверба. Нашиот центар е пациентот и поради тоа нудиме и обезбедуваме сеопфатни здравствени услуги во модерна, удобна и чиста средина.
Поликлиниката “Вита С“ е основана со јасна визија: да креираме и унапредуваме водечки дијагностички центар кој комбинира врвна медицинска технологија со тим од исклучително квалификувани медицински професионалци. Лоцирана во центарот на Скопје, “Вита С“ е креирана да овозможи беспрекорно, позитивно здравствено искуство за секој пациент кој ќе дојде кај нас. Тежнееме да бидеме повеќе од медицинска установа, со цел да бидеме ваш партнер од доверба во одржување и подобрување на вашето здравје.
Мисија: Овозможување сеопфатни здравствени услуги фокусирани на пациентот, преку примена на современа медицинска технологија и посветен тим на врвни медицински професионалци.
Визија: Да прераснеме во водечки поликлиничко - дијагностички центар препознаен по својата посветеност на квалитет, иновативност и искрена грижа за пациентите.