Работно време: понеделник - петок 08 - 20 
сабота 08 - 15

Добредојдовте во Вита С

Секогаш со вас

“Вита С” е поликлиника со дијагностички центар, современо опремен со најнова медицинска технологија и екипиран со тим од врвни лекари. Посветени сме кон овозможување сеопфатна и достапна здравствена услуга, со вистинска грижа насочена кон пациентот.

Во време кога здравствената грижа станува сѐ покомплексна, неопходно е ново, модерно, сигурно, професионално и пријатно место кое нуди најсовремена опрема за точни и брзи дијагнози и ефективни третмани.

Со оглед на тоа што здравјето се темели на правилната дијагноза, наша цел е:

  • Индивидуален пристап кон секој пациент
  • Брзо закажување и минимално чекање
  • Чиста и пријатна околина
  • Едноставна комуникација со нашиот тим

Со игнорирање на симптомите, болеста станува сериозна, но превенцијата спасува животи и затоа редовните контроли се клучни за сочувување на доброто здравје.

Во “Вита С” нудиме:

  • Современа технологија за прецизна дијагностика
  • Искусен тим од доктори и медицински персонал
  • Брзи резултати и јасен план за понатамошна грижа
  • Доверлива и дискретна услуга

Нашите оддели

Радиологија

Најсовремена дијагностичка технологија за прецизни и навремени дијагнози. Погледнете ја нашата опрема.

Интерна медицина

Ваш партнер од доверба за секојдневните здравствени потешкотии, проблеми и хронични болести. Нашиот тим од искусни интернисти обезбедува сеопфатна грижа.

Лабораторија

Висококвалитетни, прецизни лабораториски анализи и тестирања. Дознајте повеќе за лабораторијата во “Вита С“.

Ортопедија

Специјализирана грижа за состојби, болести и повреди на коските, зглобовите и мускулите.

Хирургија

Безбедни мали хируршки интервенции и процедури реализирани од искусен тим. Овозможуваме краток болнички престој и специјализирана грижа и третман на рани. 

Дневна болница

Краток болнички престој во удобна средина. Истражете ги нашите капацитети.

За нашата поликлиника

“Вита С“ е повеќе од поликлиничко-дијагностички центар. Ние сме партнер од доверба кога станува збор за вашето здравје. Со посветеност, индивидуална грижа и напредна технологија управувана од тим од врвни доктори, тежнееме да овозможиме видливи резултати со фокус на вашата добросостојба.
Прочитај повеќе

Зошто да ја изберете Вита С Поликлиника? Воочете ја разликата

Врвен медицински кадар: Нашиот медицински тим го сочинуваат искусни и високо квалификувани доктори кои се посветени на вашето здравје.

Современа технологија: Во “Вита С“, применуваме најнова медицинска технологија и опрема, вклучувајќи ја “Siemens“ апаратурата во одделението на Радиологија, со главна цел прецизна дијагноза и ефективни третмани.

Сеопфатна грижа и услуга: Од секојдневни здравствени грижи, до специфични специјализирани третмани, во “Вита С“ ќе пронајдете голем број медицински услуги на едно место.

Пациентот на прво место: Наш приоритет е удобноста и благосостојбата на пациентот. Овозможуваме брзо закажување термини, индивидуален пристап, точна дијагностика, сé во пријатна атмосфера.

Партнерства градени врз доверба: Нашата соработка за лабораториски услуги со “Биотек“, како и со осигурителните компании кои нудат приватно здравствено осигурување, се еден од начините на кои се грижиме да понудиме највисок стандард на услуги и секогаш со премисата: пациентот на прво место.

Новости и соопштенија

Бидете информирани со најнови информации, здравствени совети и новости од “Вита С“
20.05.2025
Во „Вита С“ се достапни најсовремените дијагностички технологии

Здравствената грижа и нега не е само услуга, туку е столб на секое здраво општество и на индивидуалниот квалитет на живот. Во свет кој постојано напредува, потребата од квалитетна, брза и сигурна медицинска дијагностика и третман станува сè поактуелна. Секој од нас заслужува пристап до здравствени услуги кои се базираат на доверба, стручност и најнови […]

Прочитај повеќе
20.05.2025
Во фокус: Siemens Magnetom Flow Plus MRI - Кога прецизноста е најважна, се потпираме на најдоброто

Нашиот Оддел за радиологија е најсовремено опремен радиолошки центар во нашата држава, со дијагностичка опрема од програмата на Siemens. Располагаме со Siemens Magnetom Flow Plus магнетна резонанца — која нуди извонредна резолуција, пократко времетраење на снимањето без компромис на квалитетот и брза обработка на снимките. Придобивки за пациентите: Од мозок и 'рбет, до меки ткива […]

Прочитај повеќе
13.05.2025
Официјално започна со работа Поликлиниката и дијагностичкиот центар “Вита С“

Инвестиција вредна неколку милиони евра, како партнерство помеѓу “САВА Ре“ a.д. од Словенија и Проф. д-р Симон Трпески Поликлиниката е опремена со најнова медицинска апаратура, посебно одделението Радиологија, во кое се инсталирани најнови модели апарати за магнетна резонанца и компјутерска томографија – единствени во регионот. “Вита С“ е лоцирана во централното подрачје во Скопје. Во […]

Прочитај повеќе

Контакт

Вита С Поликлиника
+389 76 440 993
50 Дивизија 24А
info@vitas.mk
linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram